Телефонски разговор Чавушоглу- Тилерсон

Шефовите на дипломатитте на Турција и на САД Чавушоглу и Тилерсон разговарале за Авганистан, Ирак и Сирија

796407
Телефонски разговор Чавушоглу- Тилерсон

Дипломатски извори соопштија дека министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу остварил телефонски разговор со американскиот колега Рекс Тилерсон.

Тема на разговорот, истакнуваат истите извори, биле прашањата посветени на актуелната ситуација во Авганистан, Ирак и Сирија.

Како што е познато министерот Чавушглу вчера во Багдад се состана со министерот за надворешни работи на Ирак Ибрахим Џафери.По состанокот министерите Чавушоглу и Џафери одржаа конференција за печатот.

Нешто потоа министерот Чавушогу беше примен од претседателот на Ирак Фуат Масум, премиерот Хајдар ел Ибади, претседателот на парламентот Селим Џубири а воедно прими и претставници на Туркмените во Ирак.

Министерот Чавушоглу во Ербил се состана со Месут Барзани, претседател на регионалната управа на Северот на Ирак.

 

 



Слични вести