Виетнам е земја која во последните години реализира голем економски развој

До 2020 година слободно можеме да постигнеме трговски обем од 4 милијарди долари бидејќи постои потенцијал за тоа

794985
Виетнам е земја која во последните години реализира голем економски развој

Во рамките на посетата на Виетнам, премиерот Бинали Јилдирим од страна на колегата Нгујен Хуан Пуч беше пречекан со високи државни почести.

Во рамките на дводневната посета на Виетнам, премиерот Јилдирим најпрвин одржа тет-а тет средба со колегата Пуч.

По средбата двајцата премиери одржаа заедничка прес конференција.

Премиерот Јилдирим во говорот истакна дека идната година се навршуваат 40 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји и дека пости голем недостаток во меѓусебните посети на ниво на премиери и претседатели во изминатите 39 години. Со оваа посета го надминавме и овој недостаток.

Имам посебно задоволство и чест што сум првиот турски премиер кој допатува во посета на Виетнам рече Јилдирим и потенцираше дека Виетнам е една од земјите на Далечниот Исток која во последните години реализира голем економски развој. Турција е земја која исто како и  Виетнам постигнува динамичен развој. Затоа постои голема сличност меѓу двете земји. Бројот на популацијата на двете земји е приближно ист и имаат висока стапка на економски раст. До 2020 година слободно можеме да постигнеме трговски обем од 4 милијарди долари бидејќи постои потенцијал за тоа.

Мојата посета на Виетнам ќе претставува почеток и надеж за еден нов период во односите меѓу двете земји, рече премиерот Јилдирим и потенцираше дека постигнавме компромис во врска со користењето на Источното и Јужното море. Со премиерот на Виетнам и делегациите реализиравме многу продуктивни средби. Разменивме мислења во врска со можностите за унапредување на соработката во образованието, поморството, трговијата, одбраната и сите други сфери, рече Јилдирим. За унапредување и развој на можностите в однос на наведените теми потпишавме неколку договори кои ќе ги олеснат активностите на тоа поле. Исто ака ќе продолжиме со активностите за спречување на двојното оданочување, меѓусебното поттикнување на инвестициите и друго.

Турција и Виетнам гледано од аспект на географските местоположби претставуваат порти за можности, рече Јилдирим и потенцираше на одлучноста за унапредување и развојна односите со Виетнам.

Премиерот Јилдирим рече дека ќе биде задоволен од посетата на виетнамскиот премиер НгујеХуан Пуч.

По средбите премиерот Јилдирим положи венец на споменикот националните херои и шехиди како и мавзолејот на првиот претседател на Виетнам Хо.



Слични вести