Турција нема да дозволи да се отвори евентуален терористички коридор кон Средоземното море

Нема да дозволиме тероризмот да надвладее во регионот

794852
Турција нема да дозволи да се отвори евентуален терористички коридор кон Средоземното море

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција нема да дозволи да се отвори евентуален терористички коридор кон Средоземното море.

Во рамките на еднодневната посета на Јордан во понеделник, претседателот Ердоган на враќање одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган рече дека во Африн кој се наоѓа под контрола на ПЈД, сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК живеат и Курди кои се на страната на Турција. Затоа нема да дозволиме тероризмот да надвладее во регионот.

На едно прашање во врска со претстојниот референдум за независност што планира да го одржи Регионалната курдска управа на Северот на Ирак на 25 септември, претседателот Ердоган рече:

Јас го испратив шефот на Националната разузнавачка служба. Престојуваше во посета на Багдад и Ербил и одржа средби со високите државни претставници. Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во среда ќе замине за Багдад, од таму за Ербил. Овој вид на референдум не се прифаќа за правилен од стана на низа земји во регионот. Секако дека и Турција не го подржува референдумот исто како што и исламските земји не го подржуваат. Преземањето на оваа иницијатива подразбира фрлање чекор кон изолирање, рече Ердоган.



Слични вести