За продолжување на солидарноста меѓу муслиманите треба да ги зајакнеме механизмите за соработка

Турција и турскиот народ секогаш се на страната на Јорданците

794287
За продолжување на солидарноста меѓу муслиманите треба да ги зајакнеме механизмите за соработка

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека за продолжување на солидарноста меѓу муслиманите треба да ги зајакнеме механизмите за соработка.

Во рамките на официјалната посета на Јордан претседателот Ердоган во дворецот Ел-Хусејније се состана со кралот Абдула 2. Веднаш по средбата двајцата лидери претседаваа со преговорите меѓу делегациите.

По средбата, претседателот Ердоган на прес конференцијата го изрази задоволството од повторната посета на Јордан по период од 9 години и благодарноста за гостопримливоста.

Ја користам оваа прилика уште еднаш искрено во мое лично име и во име на Република Турција да му се заблагодарам на брат ми Кралот Абдула за оваа љубезна покана. 2017 година е година кога се навршуваат 70 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Претседателот Ердоган посака годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји да послужи за унапредување и зајакнување на добрите односи меѓу двете земји. Исто така ова прилика ја користам за изразам благодарност за поддршката на јорданските браќа во борбата против обидот за воен удар во 2016 година.

Турција и турскиот народ секогаш се на страната на Јорданците, рече претседателот Ердоган и потенцираше на чувствителноста на кралот Абдула во однос на палестинското прашање. Турција ќе продолжи со поддршката на улогата на Јордан во зачувувањето на светите места на муслиманите во Ерусалим. Ќе продолжиме да соработуваме за да не дојде до повторување на минатонеделниот напад и прекршувањето на правата во Харем ал-Шериф. Регионот на исламскиот свет навистина поминува низ многу тешки и болни денови. Во овој критичен период кога ни се обликува иднината, ние муслиманите многу почувствително и повнимателно треба да ја продолжиме меѓусебната солидарност и соработка. Патот за тоа е зачестување на средбите и разговорите, зајакнување на механизмите за соработка. Верувам дека денешниот состанок ќе биде од корист за унапредување и развој на билатералните односи.

По средбите претседателот Ердоган учествуваше на свечената вечера што ја приреди Кралот Абдула во негова чест. Пред вечерата Ердоган ги прими претседателот на Претставничкиот дом на Јордан Атеф Тарафнеф и претседателот на Сенатот на Јордан Фаисал Ал Фајез.

По вечерата претседателот Ердоган синоќа во 18.30 часот од Аман со специјалниот авион „АНА“ (Мајка) се врати во земјава.



Слични вести