Не гласајте за непријателите на Турците и Турција

Напнатоста во билатералните односи претставува одраз на внатрешно политичките пресметувања во Германија

792731
Не гласајте за непријателите на Турците и Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги повика турските граѓани кои живеат во Германија на претстојните избори да не гласаат за непријателите на Турците и Турција.

По петочниот намаз, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган остро реагираше на изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел во врска со ажурирање на Договорот за царинска унија и рече:

Моментално во Германија, приврзаниците на Социјалдемократската и Демохристијанската партија говорат за тоа дека колку ќе ја потресиме и оштетиме Турција, толку повеќе ќе можеме да и го намалиме угледот и да ја искористиме. Затоа на турските граѓани кои живеат во Германија им се обраќам со следните зборови: Сите тие се непријатели на Турција. Во никој случај немојте да ги подржувате Социјалдемократската, Демохристијанската или Партијата на Зелените. Подржете ги оние партии кои што не се непријателско расположени кон Турција. Тоа е борба на честа на сите граѓани кои што живеат во оваа земја, рече Ердоган.

Напнатоста во билатералните односи претставува одраз на внатрешно политичките пресметувања во Германија, рече Ердоган.

Турција нема и не сноси никаква одговорност за намалување на тензиите. Ако се бара одговорен и одговорност за досегашните тензии, тогаш тоа е Германија која во внатрешно политичките пресметувања ги вовлече Турција и некои други европски земји. Германија во текот на овој процес се искачи на позиција на земја која се коси со законодавството на ЕУ.



Слични вести