Турците имаат поголема доверба во Путин отколку во Трамп

Најголема доверба во рускиот лидер имаат Грција и Либан

792050
Турците имаат поголема доверба во Путин отколку во Трамп

Според анкетата на американската компанија за истражување и анкети Пју (Pew), граѓаните на 36 земји во светот имаат поголема доверба во рускиот претседател Владимир Путин отколку во американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу овие земји се наоѓа и Турција.

Според резултатите од анкетата, најголема доверба во рускиот лидер имаат Грција и Либан.

Путин во споредба со Трамп освои 31 насто повеќе гласови во овие земји.

Разликата во Виетнам изнесува околу 21 насто.

Имено двајцата лидери во оваа земја уживаат голема репутација и подрршка.

79 насто од анкетираните Виетнамци изразија доверба во Путин, додека 58 на Трамп.

Големо интересирање привлече податокот дека Путин е популарен во некои сојузнички земји на САД од Трамп.

Додека довербата на Германија од аспект на меѓународните односи во Путин изнесува 25 насто, во Трамп оваа бројка изнесува само 11 насто.

Во Јужна Кореја довербата кон Путин изнесува 27, а кон Трамп 17, во Франција 18 спрема 14, во Јапонија 28 спрема 24, во Италија 26 спрема 25 насто.

Шпанија е земја во која владее најмала доверба и кон двајцата лидери. Довербата кон Путин изнесува само 7, а во Трамп 5 насто.

Во Британија, Австрија и Канада Трамп води с многу мала разлика.

Израел е единствената земја во која довербата во Трамп во споредба со довербата во Путин е во поголема предност и разликата изнесува дури 28 насто.



Слични вести