Турската Црвена полумесечина на 4500 цивили во Тал Афар им подели готова храна

Турската Црвена полумесечина е спремна да пружи секаква помош на настраданите во Тал Афар

791510
Турската Црвена полумесечина на 4500 цивили во Тал Афар им подели готова храна

Турската Црвена полумесечина на 4500 цивили во туркменскиот град Тал Афар во Ирак кој се наоѓа под контрола на терористичката организација ДЕАШ им подели готова храна.

Претседателот на делегацијата на турската Црвена полумесечина за Ирак Ѓоксен Јениѓул рече дека на членовите на 875 семејства кои побегнаа од Тал Афар и Мухалебије им подели готова храна.

Турската Црвена полумесечина не ги остави насамо цивилите кои се засолнаа во безбедносните зони западно од Мосул рече Јениѓул и потенцираше дека се спремни за пружање на секаква помош.

Градот Тал Афар кој се наоѓа на 63 км западно од Мосул под контрола на терористичката организација ДЕАШ се наоѓа од јуни 2014 наваму.

Операцијата за ослободување на градот започна во вторник.



Слични вести