Министерот за правда Ѓул одржа телефонски разговор со германскиот колега Маас

Разговорот помина доста конструктивно и поволно

791901
Министерот за правда Ѓул одржа телефонски разговор со германскиот колега Маас

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул одржа едночасовен телефонски разговор со германскиот колега Хеико Маас.

Во соопштението кое беше објавено од страна на министерството беше истакнато дека на разговорот биле разгледани мултидимензионалните односи меѓу двете земји и билатералната судска соработка меѓу двете земји. Разговорот помина доста конструктивно и поволно.

Двајцата министри донесоа одлука за продолжување на разговорите и средбите како и согласност за што поскоро одржување средба во четири очи.

По информациите кои беа објавени во медиумите дека Адил Оксуз еден од осомничените за минатогодишниот обид за воен преврат на Фетулахистичката терористичка организација на 15 јули 2016 година се наоѓал во Германија, Турција вчера и достави нота на оваа земја во која бараше екстрадиција на Оксуз.



Слични вести