Министерот за национална одбрана Џаникли го прими началникот на генералштабот на Иран

Главна тема на средбите и разговорите се борбата против тероризмот, регионалните случувања, билатералните односи во сферата на одбраната и пограничната соработка

791308
Министерот за национална одбрана Џаникли го прими началникот на генералштабот на Иран

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли го прими началникот на генералштабот на Иран генерал-мајорот Мухамед Хусејин Бакири како и делегацијата во негова придружба.

Главна тема на средбите и разговорите на иранскиот началник Бакири во рамките на посетата на Турција се борбата против тероризмот, регионалните случувања, билатералните односи во сферата на одбраната и пограничната соработка.

На покана на началникот на Турските вооружени сили генерал на армија Хулуси Акар, вчера во посета на Турција допатува началникот на генералштабот на Иран генерал-мајорот Мухамед бакири.

Посетата на иранската делегација на Турција предводена од началникот Бакири ќе трае три дена.



Слични вести