Турската фрегата „ТЏГ Ѓокова“ пристигна во Катар

Воените вежби кои се планираат да се одржат меѓу турската и катарската морнарица

781173
Турската фрегата „ТЏГ Ѓокова“ пристигна во Катар

Фрегатата „ТЏГ Ѓокова“ која се наоѓа под Командата на турската морнарица пристигна во пристаништето Хамед кое се наоѓа југоисточно од Доха.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Катар беше истакнато дека Фрегатата „ТЏГ Ѓокова“ заедно со 214 лица која се наоѓа под Командата на турската морнарица ќе учествува во заедничката поморска воена вежба.

Воените вежби кои се планираат да се одржат меѓу турската и катарската морнарица, ќе се одржат во воздушната база Доха и територијалните води на Катар.

Во соопштението беше истакнато дека вежбите се одржуваат во рамките на воената соработка меѓу Катар и Турција во борбата против екстремноста и тероризмот.



Слични вести