Состанок во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво помеѓу ЕУ и Турција во Брисел

Омер Челик :  Не може да се дискутира за прашања како што  се енергија, трговија или тероризам, без претходно да се постигнува напредок во пристапните преговори.

777693
Состанок во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво помеѓу ЕУ и Турција во Брисел

Во Брисел се одржа состанок во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво помеѓу ЕУ и Турција .

По состанокот изјава за печатот даде министерот за евроинтеграции и главен преговарач на земјава со ЕУ Омер Челик.

Оценувајќи ги простапните преговори како рбетен столб во односите меѓу Турција и ЕУ, министерот Челик рече:  Не може да се дискутира за прашања како што  се енергија, трговија или тероризам, без претходно да се постигнува напредок во пристапните преговори.

Челик во продолжение истакна: Постојат многу важни механизми за решавање на европските проблеми, така да и за решавање на проблемите со Турција треба да се отворат поглавјата кои што се дел од механизмите на дијалогот. Сметам дека Турција се покажа како страна која бара решение на спорните прашања со Европа,како што е на пример кипарското прашање. На последната конференција за Кипар Турција се истакна со конструктивниот став.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој исто така учествуваше на состанокот во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво помеѓу ЕУ и Турција во Брисел изјави дека на истиот било разговарано за прашања,како што се енергијата,ажурирање на царинската унија, борбата против тероризмот и договорот за бегалците.

Турција поддршува продолжување на дијалогот и соработка со ЕУ, рече министерот Чавушоглу напоменувајќи дека соработката со Брисел е се посилна, посебно по состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со челниците на ЕУ во мај оваа година.

На конференцијата за печатот збор зеде и европскиот комесар за надворешна политика Фредерика Могерини која истакна дека состанокот бил многу успешен.Таа додаде дека треба да се има во предвид фактот дена Турција е кандидат за влез во унијата и важен стратегиски партнер.

 

 

 



Слични вести