Посетата на претседателот Ердоган на Заливските земји

На средбите беше изнесена турската поддршка на напорите и инцијативите за изнаоѓање мировно решение на кризата со Катар по пат на дијалог

776670
Посетата на претседателот Ердоган на Заливските земји

Ибрахим Калин портпаролот на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција ги подржува иницијативите за изнаоѓање и постигнување решение на кризата со Катар по пат на дијалог.

Во изјавата за печатот во врска со посетите на претседателот Ердоган на Саудиска Арабија, Кувајт и Катар, портпаролот Калин рече дека на средбите освен билатералните односи, беа разгледани последните случувања во Сирија и Ирак, борбата против тероризмот и регионалните прашања.

Претседателот Ердоган на средбите ја изнесе турската поддршка на напорите на Кувајт и другите иницијативи за надминување на кризата во Персискиот залив и постигна согласност со соговорниците за продолжување на преговорите и дијалогот за решавање ан кризата. Меѓудругото на разговорите беше потенцирано на значењето за преземање заеднички активности и заедничко дејствување на исламските земји како и заштитата на правото на суверенитет. Исто така беше постигната согласност за зајакнување и унапредување на постоечките односи и соработката во сферата на инвестициите, туризмот и одбранбената индустрија, рече Калин.



Слични вести