Силен земјотрес во Егејското море: 2 загинати и голем број повредени

Земјотрес со јачина од 6,3 степени во 01,31 часот според локално време бил евидентиран на длабочина од 7,8 километри

775020
Силен земјотрес во Егејското море: 2 загинати и голем број повредени

Земјотрес со јачина од 6,3 степени во 01,31 часот според локално време бил евидентиран на длабочина од 7,8 километри

Најмалку две лица загинале на грчкиот осров Кос откога земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер бил евидентиран во Егејското море во близина на турскиот брег.

Сеизмолошкиот центар Кандили во Истанбул соопшти дека по главниот потрес биле регистрирани најмалку 160 сериски потреси,кои предизвикале морски бранови од околу 10 сантиметри.

Брановите кои удриле на брагот на Бодрум оштетиле неколку паркирани возила и деловни простории.

Биле забележани оштетувања во зградите на Државната болница во Bодрум и на неколку згради во Датча.

Гувернерот на Мугла Есенѓул Џивелек соопшти дека немало човечки жртви и поголеми материјални штети,но додаде дека  на грчкиот остров Кос загинале двајца од кои еден турски државјанин.

Грчката новинска агенција АНА-МПА соопшти дека градоначалникот на Кос Јоргос Кицирис изјавил дека имало голем број повредени од земјотресот.

Турција испрати траект за евакуација на турските државјани од Кос во Турција.



Слични вести