Турција нема да дозволи формирање на терористичка држава долж нејзините граници

Вчера седница одржа Советот за национална безбедност со која претседаваше претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

772565
Турција нема да дозволи формирање на терористичка држава долж нејзините граници

Турција нема да дозволи формирање на терористичка држава долж нејзините граници, се истакнува во соопштението кое беше издадено по вчерашната седница на Советот за национална безбедност со која претседаваше претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Седницата на советот траеше 6 часа.

По седницата беше издадено соопштение во кое се подвлекува следното : 

Независно од тоа дали се работи за заканите по националната безбедност а  кои што доаѓаат од терористичката организација ФЕТО/ПЈД, продолжетоците на терористичката организација ПКК во Сирија, како што се ПЈД и ЈПГ или ДЕАШ, навреме ќе бидат преземени потребните мерки и со истата решителност како и досега ќе се води ефикасна борба против тероризмот како внатре во земјата така и надвор од нејзините граници.

Во соопштението се предупредува дека одредени сојузнички држави кои со оружје и муниција ги снабдуваат терористичките организациј ЈПГ и ПЈД во Сирија завршуваат во рацете на терористичката организација ПКК. Поаѓајќи од тоа се истакнува следното: Се додека не се напушти практиката на применување на двоен стандард, не ќе може да се воспостави мир и стабилност во регионот. Уште еднаш и во оваа прилика упатуваме повик до меѓународната заедница  да се води борба против тероризмот во рамките на заедничките мислења и ставови.

Во согласност со меѓународното право ќе следува соодветен одговор, доколку, поради случувањата во Сирија и Ирак, биде воочена закана, провокација и напад на нашата јужна граница. Турција никогаш нема да дозволи формирање на терористичка држава долж своите граници. Уште еднаш се нагласува дека терористичките организации ПКК/ПДЈ-ЈПГ нема да добијат легитимитет под изговорот дека водат војна против ДЕАШ",

Во истото соопштение се потсетува и на резултатот од неодамнешната конференција за Кипар што се одржа во Швајцарија и се истакнува следното:

„Со решителност се потенцира на заштитата на заедничките права и интереси на Република Турција и на Турската Република Северен Кипар во искористувањето на природните извори во басенот на Источното Средоземно море.“

 



Слични вести