15 јули одбележан во 136 земји во светот

Од 9 до 15 јули во странство беа одржани низа различни манифестации, изложби и комеморации

772996
15 јули одбележан во 136 земји во светот

По повод 15 јули Денот на демократијата и националното единство, во текот на неделата се одржаа комеморативни седници во 226 дипломатско-конзуларни преставништва во 136 земји во светот и 216 средби на амбасадорите и генералните конзули со претставниците на медиумите во земјата во која се наоѓаат на должност.

Во локалните весници беа објавени 47 статии од страна на турските амбасадори, додека во знак на сеќавање на шехидите и газиите на 15 јули беа објавени 34 огласи во високо тиражните весници.

Според извори на МНР, во периодот од 9 до 15 јули во странство беа одржани низа различни манифестации, изложби и комеморации.

Во тие рамки во дипломатско-конзуларните претставништвата во странство беа отворени спомен книги, додека во голем број земји на петочните хутби се читаа молитви за шехидите на 15 јули.

Амбасадорите и генералните конзули во текот на неделата одржаа 216 средби со претставниците на локалните медиуми со одржување прес конференции и интервјуа.

Статијата на премиерот Бинали Јилдирим беше објавена од страна на 47 медиумски установи во 30 земји. Исто така и 47 различни статии на турските амбасадори беа објавени во локалните медиуми.

По повод 15 јули во знак на сеќавање на шехидите и газиите беа објавени 34 огласи во високотиражните весници.

Под покровителство на амбасадите и генералните конзулати беа отворени 69 изложби на кои беа изложени избрани фотографии од страна на Анадолската агенција.



Слични вести