Денес седница на Советот за Национална Безбедност

Главна точка на дневниот ред на седницата на Советот за Национална Безбедност ќе биде предлогот за продолжување на вонредната состојба

771831
Денес седница на Советот за Национална Безбедност

Советот за Национална Безбедност на Република Турцина ќе се состане денес под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Главна точка на дневниот ред на седницата на Советот за Национална Безбедност ќе биде предлогот за продолжување на вонредната состојба во земјата.

Како што е познато претседателот Ердоган пред тоа имаше изјавено дека вонредната состојба ќе биде продолжена по 4. пат и дека на седница на Советот за Национална Безбедност ќе се усвои  препорака по истото прашање.

Премиерот Бинали Јилдирим исто така имаше изјавено дека владата ќе предложи продолжување на вонредната состојба.

Друга точка на дневниот ред на седницата на Советот за национална безбедност ќе биде прашањето посветено на борбата против тероризмот.

Се очекува на седницата да се расправа и за актуелната ситуација во Ирак и во Сирија.

 



Слични вести