Турција реагира на истражувањето јаглеводород во Средоземното море

МНР на Република Турција издаде соопштение со осуда на властите на Јужен Кипар поради испраќање на бродови за истражување  јаглеводород во Средоземното море.

770542
Турција реагира на истражувањето јаглеводород во Средоземното море

МНР на Република  Турција издаде соопштение со осуда на властите на Јужен Кипар поради испраќање на бродови за истражување  јаглеводород во Средоземното море.

Во соопштението се подвлекува дека турската страна ќе одговори на истиот начин.

„Властите на Јужен Кипар не водејќи сметка за правата на кипарските Турци над сите природни извори на островот, започнаа со истражување на јаглеводород во водите на Источен Медитеран.Турција со внимание и одблизу ги следи сите овие активности на јужнокипарските власти, се вели во соопштението во кое се додава следното :

Турција уште на почетокот ги презеде сите потребни мерки спрема овој неодговорен однос на јужно кипарските власти. Главната причина поради неуспешниот исход на кипарските преговори се токму властите на Јужен Кипар кои себеси се гледаат како единствени сопственици на Кипар.Турција постапува решително не зависно од тоа дали се работи за зачувување на нејзиниот интерес или заштитата на нејзините ториторијални води, или пак кога е во прашање поддршката на кипарските Турци.

Во тие рамки Турција во координација со Турската Република Северен Кипар ќе одговори на адекватен начин на активностите за пребарување  природни извори од страна на  јужно кипарските власти во околината на заедничкиот остров Кипар, се подвлекува во соопштението.

 



Слични вести