Предавството на 15 јули беше едно од најголемите во турската историја

Турскиот народ никогаш нема да го заборави 15 јули

770543
Предавството на 15 јули беше едно од најголемите во турската историја

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш, херојскиот еп на турскиот народ што го напиша на 15 јули во борбата против обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО/ПДЈ го објасни во Франција.

Во говорот на програмата што се одржа под покровителство на Сојузот на европските турски демократи (УЕТД) во Стразбур, Куртулмуш рече:

Бидете убедени дека предавството со кое се соочивме на 15 јули беше едно од најголемите на турските територии и во турската историја.

Турскиот народ никогаш нема да го заборави 15 јули, рече Куртулмуш и ги предупреди турските граѓани кои живеат во странство да бидат повнимателни во однос на перцепцијата која се обиде да ја промовира Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура ФЕТО/ПДЈ и нејзините партнери.

Куртулмуш ги критикуваше европските земји кои не дозволија да се одржат програми по повод 15 јули и рече дека овие земји се косат со демократските права.

Потпретседателот на владата Куртулмуш подвлече дека Турција решително и докрај ќе продолжи со борбата против ФЕТО.



Слични вести