Постигнат напредок на преговорите за испраќање руски батерии од типот С-400 во Турција

Анкара бара да се врати кон олеснување на издавањето на визите на граѓанит

770677
Постигнат напредок на преговорите за испраќање руски батерии од типот С-400 во Турција

Амбасадорот на Турција во Москва Хусејин Дириоз рече дека е постигнат напредок на преговорите за испраќање на руските воздушно одбранбени батерии од типот С-400 во Турција и дека техничките преговори напредуваат доста поволно.

Дириоз на прес конференцијата што ја одржа во новинската агенција Росија Сегодња, на едно прашање во врска со преговорите меѓу Русија и Турција за батериите С-400 рече:

Има напредок. Техничките преговори напредуваат во поволна насока. Исто така продолжуваат и контактите.

Состанокот во врска со визната либерализација меѓу министерствата за надворешни работи на Турција и Русијаќе се одржи по неколку дена во Москва.

Анкара бара да се врати кон олеснување на издавањето на визите на граѓаните, рече амбасадорот Дириоз. Од официјалните делегации на двете земји бараме да го олеснат издавањето на визите за турските бизнисмени и камионски шофери.

Амбасадорот Дириоз меѓудругото рече дека Анкара и Москва продолжуваат со преговорите за повторно испраќање домати од Турција во Русија.



Слични вести