Ќе доставиме предлог за пролонгирање на вонредната состојба

Неприфатлив е ставот на САД и некои европски земји кои не дозволија да одржиме комеморативни седници

770748
Ќе доставиме предлог за пролонгирање на вонредната состојба

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека ќе достават предлог до Советот за национална безбедноста за пролонгирање на вонредната состојба.

На прес конференцијата во дворецот Чанкаја, премиерот Бинали Јилдирим во врска со вонредната состојба рече дека последното продолжување на рокот на вонредната состојба истекува на 19 јули. Владата усвои одлука за доставување предлог до Советот за национална безбедност за пролонгирање на вонредната состојба.

Премиерот Јилдирим рече дека неприфатлив е ставот на САД и некои европски земји кои не дозволија да одржиме комеморативни седници по повод првата годишнина од обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО/ПДЈ.

Од една страна ќе се фалите дека сте земја на слободите и постојано ќе ја критикувате Турција од аспект на човековите права и слободи, додека од друга страна пак ќе ги попречувате напорите за обелоденување на вистините и информирање на светот за подмолниот обид за воен удар на групата која се обиде да ја уништи иднината на Турција. Ова навистина е голема неискреност.

Ние тој ден се заколнавме дека ако треба ќе загинеме ама нема да се вратиме од нашиот пат. Или тие ќе не земеа или ние нив. Оваа одлука а усвоивме заедно со претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Знаете ли кога обидот за воен удар можеше да биде успешен? Единствено ако успееја да го киднапираат и притворат претседателот Ердоган и нас. Тоа ви го велам најотворено. Кај нас владееше голема решителност, рече премиерот Јилдирим.



Слични вести