Неприфатлив извештајот на Европскиот парламент за Турција

Европа не треба да ја поддржува Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ)

769953
Неприфатлив извештајот на Европскиот парламент за Турција

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш рече дека неприфатлив е извештајот на Европскиот парламент за Турција.

Во рамките на посетата на Брисел, потпретседателот Куртулмуш на прес конференцијата се осврна на средбите со високите европски раководители и рече:

Неприфатлив е извештајот на ЕП за Турција. Ние тоа им го соопштивме на Европските власти.

Потпретседателот Куртулмуш рече дека на средбите со рпетставниците на Европската комисија и Европскиот парламент ги потсетил за црвените линии на Турција.

Во освртот на визната либерализација, Куртулмуш рече дека владата е свесна за значењето на визната либерализација за турскиот народ. Од 72 критериуми ние прифативме и исполнивме 65. Во врска со натамошните критериуми Турција секако дека ќе може да соработува, но претходно треба да почувствуваме позитивен приод и од ЕУ.

Потпретседателот Куртулмуш од Европа побара да не ја поддржуваат Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

15 јули е значаен датум и пресвртница и за Европа и слободно можам да кажам дека е исто толку значаен датум како и Француската револуција. Ние го повторуваме ставот дека и по 15 јули Турција бара да ја види поддршката на европските пријатели во борбата против ФЕТО/ПДЈ.

Со европските пријатели го споделивме ставот дека не треба да мижат пред активностите на приврзаниците на ФЕТО/ПДЈ кои по 15 јули побегнаа во странство и формираа мрежа против Турција, рече потпретседателот Куртулмуш.



Слични вести