Вонредната состојба во Турција ќе продолжи се додека не се исуши коренот на ФЕТО

Цел на обидот за воен удар на 15 јули заедно со демократијата и слободите беше и економијата

769565
Вонредната состојба во Турција ќе продолжи се додека не се исуши коренот на ФЕТО

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека вонредната состојба во Турција ќе продолжи се додека не се исуши коренот на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Во рамките на првата годишнина од обидот за воен удар од страна на ФЕТО/ПДЈ, Ердоган во Анкара учествуваше на состанокот со инвеститорите со странски капитал.

Цел на обидот за воен удар на 15 јули заедно со демократијата и слободите беше и економијата. Но покрај се, во изминатиот период во економијата беа забележани убави случувања, рече претседателот Ердоган кој во врска со вонредната состојба потенцираше:

Границите на вонредната состојба ги определуваме ние, а не запад. Запад тоа не може да го направи. На една страна се наоѓаат 80 милиони граѓани и териториите на татковината кои се простираат на површина од 780 илјади квадратни километри, додека на другата страна приврзаниците на организацијата која е одадена на еден продаден шарлатан. Значи изборот ќе се направи меѓу овие две солуции. Укинувањето на вонредната состојба ќе потрае уште извесно време, рече Ердоган.

Во освртот на минатонеделниот Самит на Г20 што се одржа во Хамбург, претседателот Ердоган рече:

Хамбург гореше. Насекаде се уриваше. По улиците имаше десетици илјадници полицајци. Ние го одржавме самитот и немаше никакви проблеми. Сите наши пријатели го изнесоа восхитот од Самитот во Анталија и рекоа дека тоа беше нешто друго.

Ердоган потсети дека во рамките на посетата сакаше да одржи средба и собир со Турците кои живеат во Европа.

Што стана со слободите? Вие дојдете ние ќе ви дозволиме каде што сакате таму да одржите собир. Холандија, Белгија сите се исти. Се плашат од правото на слободно зборување и изразување. Ние не се плашиме затоа што веруваме во нашето мислење, рече Ердоган.

Во говорот што го одржа на отворањето на „Изложбата на јазикот на плоштадите“ и промовирањето на книгата „Анализа на 15 јули, победата на националната волја“ што се одржа во седиштето на АК партијата, претседателот Ердоган рече дека тие можат да ги бранат приврзаниците на терористичката ФЕТО, можат да ги подржуваат приврзаниците на ПКК&ЈПГ, ДХКП-Џ, да влезат рамо под рамо со маргиналните левичарски организации, да ги прегрнат сите оние кои што извршиле велепредавтсво на земјата и народот. Ние не го направивме тоа и нема да го направиме.



Слични вести