Турција остро реагираше на изјавата на грчкиот министер Коѕиас

Турција на седницата на конференцијата за Кипар во Кран Монтана уште од самиот почеток следеше добронамерен и конструктивен став

769337
Турција остро реагираше на изјавата на грчкиот министер Коѕиас

Турција соопшти дека обвинувањето на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Анкара за неуспехот на конференцијата за Кипар е обид да се прикрие фактот дека преговорите пропаднаа поради Кипарско грчката страна.

Портпаролот на МНР амбасадорот Хусејин Муфтуоглу во врска со изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на заедничката прес конференција со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Атина на 10 јули дека е неприфатлива изјавата на грчкиот министер дека Турција на конференцијата за Кипар наводно следела некомпромисен став.

Турција на седницата на конференцијата за Кипар во Кран Монтана уште од самиот почеток следеше добронамерен и конструктивен став и учествуваше со цел да се изнајде праведно и одржливо решение на Кипарското прашање, рече портпаролот Муфтуоглу. На сите учесници на конференцијата многу добро им е познато која страна навистина немаше конструктивен став и приод кон решението на прашањето. Од друга страна пак не не чуди ниту тоа што Коѕиас на прес конференцијата повторно изнесе неосновани обвинувања насочени против Турција, рече Муфтуоглу. Сите оние кои што се свесни за тоа дека сопствениот став е многу далеку од било какав компромис и конструктивност, со цел да можат да ја обвинат спротивната страна која покажува добронамерна волја и конструктивен став, на дневен ред ги изнесуваат неоснованите и нереални тврдења.



Слични вести