Сите оние кои велат дека обидот за воен удар бил само театарска претстава и самите се ФЕТО

Ибрахим Калин портпарол на кабинетот на претседателот на Република Турција, остро реагираше на оние средини кои за обидот за воен удар велат дека сето било театарска претстава.

769547
Сите оние кои велат дека обидот за воен удар бил само театарска претстава и самите се ФЕТО

Ибрахим Калин портпарол на кабинетот на претседателот на Република Турција, изјави дека сите  тие кои за обидот за воен удар на терористичко фетулахистичката организација паралелна државна структура ФЕТО од 15 јули 2016 година велат дека сето тоа било само театарска претстава и самите се ФЕТО.

Калин во продолжение го додаде следното: Рекоа дека овој обид за државен удар е театарска претстава, кој го рече тоа, нели тоа беше самата ФЕТО? Кога увидоа дека воениот удар беше неуспешен, и кога не го добија очекуваниот и посакуван резултат тие беа приморани да одат на едно такво објаснување. Рекоа дека сето било „контролиран воен удар“, а тоа го сторија само за да изнесат аргумент кој што се сведува на истото, и тоа без било каков доказ. А тоа е само за да се уништи чувството за национално единство. Во чиј прилог оди сето тоа? Тоа не е ништо друго туку давање поддршка на изјавите на групите кои имаат било каква врска со ФЕТО или самата ФЕТО која го изврши обидот за воен удар. 

 



Слични вести