ЕУ и го краде времето на Турција

Повеќето од турските граѓани не сакаат да влеземе во ЕУ

769285
ЕУ и го краде времето на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека ЕУ и го краде времето на Турција.

Ако Европа соопшти дека нема да го прифати нашето членство, тогаш ќе и олесни и на Турција.

Во интервјуто за британскиот БиБиСи претседателот Ердоган рече дека Турција може самата да опстане. Ние ги одржавме дадените ветувања. Ако Европа отворено се изјасни дека нема да не прифати тогаш, тоа многу ќе ни олесни. Тогаш и ние ќе ги започнеме резервните Б и Ц планови, рече Ердоган.

Во првата етапа додека бев премиер, Турција на Самитите на лидерите на ЕУ се дефинираше како земја која оствари тивка револуција. Денес истата ЕУ не само што не не кани на самитите на лидерите, исто така напразно ни го краде времето. Сегашната состојба е таа.

Повеќето од турските граѓани не сакаат да влеземе во ЕУ, бидејќи сметаат дека ставот на ЕУ кон Турција е неискрен, рече Ердоган.

Целото интервју на претседателот Ердоган ќе се објави на 14 јули во BBC World News, рече претседателот Ердоган и потенцираше дека покрај сите досегашни случувања, Турција уште одреден период ќе продолжи со искреноста со ЕУ. Секако дека ќе почекаме да видиме што се ќе ни донесе нашата искреност, рече Ердоган.



Слични вести