Ердоган допатува во Хамбург на самитот на Г-20

Хамбург најголем пристаништен град во Германија од 7 до 8 јули ќе биде домаќин на самит на најмоќните и најбогатите 20 светски економии Г-20.

766226
Ердоган допатува во Хамбург на самитот на Г-20

Претседателот на Република  Турција Реџеп Тајип Ердоган допатува во Хамбург на самитот на Г-20.

Претседателот Ердоган по пристгнувањето во Хамбург се состана со германската канцеларка Ангела Меркел

Хамбург најголем пристаништен град во Германија од 7 до 8 јули ќе биде домаќин на самит на најмоќните и најбогатите 20 светски економии Г-20.

Учесниците на самитот ќе дискутираат за можностите за зајакнување на економијата, беглаците, партнерство со Африка, мито и корупција, перење пари, борба против тероризмот и други глобални прашања и проблеми.

Властите на Хамбург презедоа засилени мерки за безбедност по повод самитот на 20“те најбогати земји во светот. Градот во овие два дена колку што ќе трае самитот ќе го штитат над 20 000 полицајци.

Турција на овој самит на најмоќните ќе ја претстави претседателот Реџеп Тајип Ердоган,кој на маргините на самитот ќе реализира низа билатерални средби.

Германската канцеларка Ангела Меркел во име на домаќин на самитот изјави дека се надева оти самитот ќе биде успешен и продуктивен. Меркел се состана со американскиот претседател Доналд Трамп,кој само пред извесно време најави дека САД ќе го напуштат договорот за климатски промени.

Самитот на Г-20 завршува утре.

 

 

.



Слични вести