Чавушоглу: Конференцијата за Кипар во Кран Монтана заврши без успех

Министерот Мевљут Чавушоглу изјави дека конференцијата за Кипар во Кран Монтана,Швајцарија која траеше скоро 10 дена заврши без било каков резултат.

766273
Чавушоглу: Конференцијата за Кипар во Кран Монтана заврши без успех

Шефот на турската дипломатија министерот Мевљут Чавушоглу изјави дека конференцијата за Кипар во Кран Монтана,Швајцарија која траеше скоро 10 дена заврши без било каков резултат.

Последниот, десетти ден од конференцијата на свечена вечера се состанаа Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи, лидерот на јужнокипарските власти Никос Анастасијадис,  министерот за надворешни работи на Република Турција Мевљут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коцијас, министерот на Велика Британија задолжен за европски и американски прашања Ален Данкан, специјалниот претставник на ОН за Кипар Барт Еиде, и Фредерика Могерини високата европска комесарска за надворешни работи и за безбедност која ја претстави ЕУ ,која на преговорите учествува во својство на посматрач.

По свечената вечера министерот Чавушоглу во хотелот приреди конференција за новинарите и рече „ За жал втората рунда од кипарските преговори кои започнаа на 28 јуни во Кран Монтана,Швајцарија и траеја се до денес завршија без успех. Турција вложи големи напори за да се постигне праведно, сеопфатно и трајно решение за кипарскиот проблем. Истото можам слободно да го кажам и за претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа  Акинџи и на другите кои беа вклучени во турската делегација, но и покрај сите напори преговорија завршија без успех.“

Во продолжение Чавушоглу додаде дека, ова докажува оти невозможно е да се изјанде решение за кипарскиот проблем во рамките на параметрите на мисијата на добра воља на ОН. Мислам дека повеќе не треба да се инсистира на овие параметри, додаде министерот Чавушоглу.

 

 



Слични вести