Изјавите на германските политичари конкретен пример за двојниот стандард во Европа

Покрај сите недоразбирања со Европа, продолжуваме да следиме конструктивен став,

761874
Изјавите на германските политичари конкретен пример за двојниот стандард во Европа

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин рече дека изјавите на германските политичари насочени против претседателот Реџеп Тајип Ердоган претставуваат конкретен пример за двојниот стандард кој владее во Европа.

Во писменото соопштение во врска со прашањето, портпаролот Ибрахим Калин рече дека се неприфатливи провокативните и злонамерни изјави на одредени германски политичари пред претстојната посета на претседателот Ердоган на Германија каде што во Хамбург ќе учествува на самитот на Г20.

Портпаролот Калин во изјавата рече:

Сите оние кои што во секоја прилика наоѓаат за сходно на Турција да и дадат поуки во врска со демократијата, човековите права и слободи, нивната поддршка на терористичките организации, отворањето на портите за пучистите на ФЕТО и криминалците , обидот за спречување на средбата на претседателот Ердоган со турските печалбари во Германија, претставува најконкретен пример и доказ за двојниот стандард којшто владее во Европа.

Сите овие лица кои што тврдат дека веруваат во демократијата, наместо да ги поддржат сите оние кои што сакаат да се укине демократијата во Турција, очекувавме да ја поддржат државата и народот, рече Калин.

Покрај сите недоразбирања со Европа, продолжуваме да следиме конструктивен став, рече Калин и потенцираше дека обидот за спречување на средбата на претседателот Ердоган со турските печалбари поради неосновани причини, не се совпаѓа со начелата за пријателски и сојузнички односи. Веруваме дека Германија нема да ги повтори очајните грешки што ги направи за време на референдумот (за уставни измени кој се одржа на 16 април) поради што ја користиме оваа прилика уште еднаш да потсетиме дека турско-германското пријателство кое се заснова на векови, нема да се жртвува за краткорочни внатрешно-политичко изборни пресметки.



Слични вести