Утре во посета на Турција ќе допатува катарскиот министер за одбрана

Главна тема на разговорите ќе бидат состојбата на турската база во Катар и Заливската криза

761444
Утре во посета на Турција ќе допатува катарскиот министер за одбрана

Утре (петок) во посета на Турција ќе допатува катарскиот министер за одбрана Халид Бин Мухамед Ел Атије.

Катарскиот министер ќе одржи средба со министерот за национална одбрана Фикри Ишик.

Главна тема на разговорите ќе бидат состојбата на турската база во Катар и Заливската криза.

Големото национално собрание на Турција на почетокот на месецов го одобри договорот за отворање турска воена база во Катар и минатата недела беа испратени 23 воен персонал и 5 оклопни возила.

Заливските земји предводени од Саудиска Арабија на 5 јуни усвоија заедничка одлука за прекинување ан дипломатските односи со Катар. Минатата недела на катар му доставија список од 13 точки кои ги содржи барањата за продолжување на односите.

Меѓу барањата на Заливските земји се наоѓа и затворањето на турската воена база.



Слични вести