Министерот за национална одбрана Фикри Ишик се состана со американскиот колега Џејмс Матис

Турција уште еднаш го изнесе незадоволството од односите меѓу САД и терористичката организација ПЈД/ЈП

761072
Министерот за национална одбрана Фикри Ишик се состана со американскиот колега Џејмс Матис

Во рамките на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, министерот за национална одбрана Фикри Ишик се состана со американскиот колега Џејмс Матис.

На средбата беа разменети мислења во врска со деталите на писмото кое беше испратено во врска со оружјето кое му беше дадено на сириската фракција ПЈД/ЈПГ на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерот Ишик на средбата со американскиот колега уште еднаш го изнесе незадоволството на Турција од односите меѓу САД и терористичката организација ПЈД/ЈПГ. Американскиот министер Матис ги потврди односите со терористичката организација ПЈД/ЈПГ и рече дека соработката произлегува од неопходноста а не поради избор, потенцирајќи дека истата има краткорочен карактер.

Во врска со кризата со Катар двајцата министри постигнаа согласност дека што поскоро треба да се реши прашањето во рамките на суверените права на оваа земја.

Двајцата министри уште еднаш потенцираа на значењето и продолжувањето на соработката во рамките на НАТО особено во врска со регионалните прашања.

По средбата со американскиот министер Матис, министерот Ишик одржа средба со В.Д. министерот за одбрана на Авганистан Тарик Шах Бахрами.

Во рамките на учеството на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, министерот Ишик ќе одржи средби со министерката за одбрана на Македонија Радмила Шеќеринска-Јанковска, министерката за одбрана на Австралија Марис Пајн и министерката за одбрана на Германија Урсула Вон Дер Лејен.



Слични вести