Ердоган: Нема да дозволиме формирање на терористичка држава во северот на Сирија

Претседателот Ердоган одржа говор на свеченото празнување на Рамазан Бајрам со членовите на АКП партијата што се одржа во конгресниот центар Халич во Истанбул

759392
Ердоган: Нема да дозволиме формирање на терористичка држава во северот на Сирија

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган истакна дека нема да дозволат да се формира терористичка држава во северот на Сирија.

Претседателот Ердоган одржа говор на свеченото празнување на Рамазан Бајрам со членовите на АКП партијата што се одржа во конгресниот центар Халич во Истанбул.

Ердоган во говорот истакна: Со воената операција Штитот на Еурат спречивме формирање на терористички коридор во Сирија, но нашите сојузници соработуваат со терористичка организација. Апсолутно нема да дозволиме да се формира терористичка држава во северот на Сирија.Ова ќе го видат и тие што ги поддржуваат терористите.Турција не е држава од типот на шаторска и секој треба тоа добро да го знае.

Турција,додаде претседателот Ердоган од една страна се бори против терористички организации а од друга против дипломатски игри и сценарија и економски атентати.

 



Слични вести