Ердоган:треба да се почитува територијалниот интегритет на балканските држави

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган даде интервју за албанската телевизија Топ Ченл

755995
Ердоган:треба да се почитува територијалниот интегритет на балканските држави

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган даде интервју за албанската телевизија Топ Ченл.

Осврнувајќи се на претстојните општи избори во Албанија претседателот Ердоган рече: Изборите кои наближуваат ќе бидат предвесници на еден нов период во Албанија. Верувам дека албанскиот народ преку овие избори ќе изгради посилна иднина за себе и за сопствената држава.Односите меѓу Турција и Албанија,земја каде што живеат припадници на различни етнички и верски заедници се многу длабоки.

Претседателот Ердоган во продолжението на интервјуто додаде дека Албанија претставува значајна држава на Балканот од аспект на стабилноста и солидарноста меѓу балканските држави.Ердоган се осврна и на иницијативие за спојување на Албанија, Македонија и Косово во една држава голема Албанија и рече : Не сакаме да помислиме на такво нешто. Секоја земја треба да се третира во рамките на нејзините географски услови. Ги сметаме за погрешни сите интервенции на тој план. Ете гледате моментално што се случува во Ирак и во Сирија.Не сакаме истите тие слики да се повторат на Балканот.

Дејтонскиот мировен договор не ги оствари очекувањата на БиХ каде различитостите претставуваат богатство. Одбраната на оваа теза ќе им донесе големи бенефити како на Албанија,така и на Македонија, Косово и БиХ,посочи претседателот Ердоган.

Претседателот Ердоган потсети на јаките историски врски меѓу турскиот и албанскиот народ и ги повика Албанците ова лето да летуваат на турската ривиера.

Ердоган предупреди на присуството на училиштата на терористичката организација ФЕТО во Албанија и ги повика родителите на децата во Албанија да не ги праќаат нивните деца на школување во овие училишта.

Предупредувајќи на опасноста на ФЕТО за Албанија претседателот Ердоган рече : Исто како што ФЕТО претставува опасност за нас, таа исто така претставува опасност и за Албанија. Албанија е мала земја, со малубројно население така да ФЕТО може да претставува голема закана и опасност за Албанија и албанскиот народ.ФЕТО работи на принципот на врбување на интелигентни и трудољубиви деца на сиромашни семејства кои ги образува и после ги поставува на видни места во државните служби.Токму затоа не треба да им се даде оваа можност на терористите на ФЕТО.ФЕТО предивзика големи штети во Турција земја со 80 милионско население, и тоа особено во полицијата и во армијата.

 



Слични вести