Турција покрај тероризмот продолжува да бележи економски раст

Никој не може да го спречи развојот на Турција

752615
Турција покрај тероризмот продолжува да бележи економски раст

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека Турција покрај тероризмот со кој се соочува, продолжува да бележи економски раст.

Во говорот на ифтарската вечера на општинскиот огранок на партијата за правда и развој (АКП), министерот Сојлу рече:

Никој не може да го спречи развојот на Турција, без огледа на тоа дали станува збор за терористичките организации ДЕАШ, ФЕТО, ПКК, ДХКП-Џ или некои други средини кои што сакаат да го попречат нашиот развој. На сите треба да им е добро познато дека турскиот народ со високиот степен на верба, волја донесе конечна одлука да влезе меѓу првите десет земји во светот.

Министерот Сојлу потенцираше на успешните резултати во борбата против тероризмот.



Слични вести