Kризата меѓу Катар и некои арапски земји може да се реши од страна Саудиска Арабија

Телефонските разговори за изнаоѓање решение на кризата со Kатар ќе продолжат и вo текот на неделава

752733
Kризата меѓу Катар и некои арапски земји може да се реши од страна Саудиска Арабија

Ибрахим Калин портпаролот на кабинетот на претседателот на државата рече дека кризата меѓу Катар и некои арапски земји може да се реши од страна Саудиска Арабија.

На прес конференцијата што ја одржа во претседателскиот дворец Бештепе, портпаролот Калин рече дека Турција ќе продолжи со активностите и напорите за изнаоѓање решение на кризата.

Телефонските разговори за изнаоѓање решение на кризата со Kатар ќе продолжат и вo текот на неделава. Денес во посета на катар заминаа министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и министерот за економија Нихат Зејбекчи. Нашите министри можат да заминат во посета и на некои други Заливски земји. Наша цел е да се изнајде решение на кризата по пат на дијалог и да не се дозволи да ескалира кризата.

Саудиска Арабија во својство на земја мудрец и значаен актер во регионот има можност и способност да ја реши кризата.

Во врска со одлуката за независност на Регионалната курдска управа на северот на Ирак портпаролот Калин рече:

Приоритетна цел на Турција е по пат на дијалог да се разубеди Регионланата курдска управа на северот на Ирак да се врати од грешката. Ќе продолжиме со активностите на тоа поле. Пред да седнеме со нив да разговараме, не можеме веднаш да преземеме санкции, да ги затвориме граничните премини, рече Калин.



Слични вести