Цехот за регионалната криза ќе биде голем

Одредени средини вложуваат напори да ги разгорат и судирите меѓу сектите на Блискиот Исток

751359
Цехот за регионалната криза ќе биде голем

Потретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш рече дека сите регионални земји ќе бидат принудени да платат голем цех во случај да продолжи кризата меѓу Заливските земји и Катар.

На прес конференцијата што ја одржа по состанокот на Владата, портпаролот Куртулмуш во врска со кризата меѓу Заливските земји и Катар рече:

Не треба да се биде претскажувач за тоа дека во случај да дојде до пораст на кризата со Катар, ќе биде голем цехот што ќе бидат принудени да го платат регионалните земји.

Одредени средини вложуваат напори да ги разгорат и судирите меѓу сектите на Блискиот Исток, рече Куртулмуш и потенцираше дека Турција прави се што е во нејзина можност за претпазливо и искрено решавање на секташкото прашање, поради што на сите земји им препорача да г направат истото.

На дневниот ред на потпретседателот на владата Куртулмуш се најде и одлуката за одржување референдум на Регионалната курдска управа на северот на Ирак за отцепување од земјата. Куртулмуш во врска со оваа одлука рече:

Референдумот за отцепување и независност ќе предизвика уште поголема дестабилизација во регионот кој во суштина е расцепкан. Свесни сме дека оваа одлука освен дополнителна дестабилизација нема да предизвика никакви други резултати.



Слични вести