Министерот Чавушоглу ја одложи посетата на Литванија

Посетата се одложува поради кризата со Катар и влошувањето на состојбата во регионот

749094
Министерот Чавушоглу ја одложи посетата на Литванија

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ја одложи посетата на Литванија поради кризата со Катар.

Според писменото соопштение на МНР на Литванија, министерот Чавушоглу по телефон го побара литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевициус и изрази жалење поради одлагањето на посетата. Чавушоглу изрази надеж дека посетата ќе се одржи во најповолно време за двете страни.

Во соопштението беше потенцирано дека посетата се одложува поради кризата со Катар и влошувањето на состојбата во регионот.

Последната посета на Литванија министерот Чавушоглу ја оствари пред две години, додека литванскиот министер Линкевициус во посета на Турција престојуваше на 22 август.

Литванскиот министер Линкевициус беше првиот министер за надворешни работи на една земја членка на ЕУ и НАТо кој престојуваше во посета на Турција по обидот за воен удар на 15 јули од страна на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Од друга страна пак министерот за надворешни работи Чавушоглу продолжува со телефонската дипломатија во врска со кризата во Катар.

Синоќа министерот за надворешни работи Чавушоглу одржа телефонски разговор со катарскиот колега Шеик Мухамед Бин Абдурахман Ал Сани.

Според дипломатски извори, министерот Чавушоглу и катарскиот колега направија проценка на последните случувања во Заливскиот регион.

Министерот Чавушоглу одржа телефонски разговор и со романскиот колега Теодор Мелешкану и бугарскиот колега Екатерина Захариева.



Слични вести