Ердоган го одобри законот за распоредување на турски војници во Катар

Турција во Катар ќе испрати над 5000 војници.Главна цел е со заедничката обука и со вежбите да се развијат одбранбените можности на Катар.

749219
Ердоган го одобри законот за распоредување на турски војници во Катар

Претседателот на Република Турција  Реџеп Таип Ердоган го одобри законот со кој се овозможува распоредување на турски војници во Катар, по што законот беше објавен и во Службен весник.

Кабинетот на претседателот на републиката соопшти дека како дел од претходен договор меѓу Турција и Катар, Парламентот на Турција на 7 јуни го усвои Законот кој овозможува распоредување на турски војници во Катар.

Согласно договорот Турција во Катар ќе испрати над 5000 војници.

Во тие рамки двете земји ќе соработуваат во понатамошниот развој на вооружените сили на Катар преку заеднички вежби, обука и образование, како и зголемување на интероператибилноста и координацијата меѓу двете земји, со цел да се придонесе за мирот во регионот и во светот.

Главна цел е со заедничката обука и со вежбите да се развијат одбранбените можности на Катар.

-двете земји ќе соработуваат во борбата против организираниот криминал, во обука на силите за безбедност и мобилна обука,

-обука во школски установи, центри за обука и во единиците на армијата,

- пружање меѓусебна помош во обезбедувањето на средствата за обука,

-размена на знаења и искуства,

-пружање на услуги во вид на консултации,

-испраќање на кадар за обука и др.

Во меѓувреме Пакистан донесе одлука за испраќање војници во Катар.

Собранието на Пакистан  ќе расправа за одлука за испраќање на 20 000 војници во Катар.

 



Слични вести