Ниту еден од крволочните убијци на ФЕТО не ќе може да се спаси од тажната судбина која ги очекува

Кукавиците на терористичката ФЕТО на ова херојско место фрлија хелиумска бомба со висок разурнувачки капацитет од 650 к

748401
Ниту еден од крволочните убијци на ФЕТО не ќе може да се спаси од тажната судбина која ги очекува

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека ниту еден од приврзаниците и крволочни убијци на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) која на 15 јули се обиде да изврши воен удар во земјава, не ќе може да се спаси од тажната судбина која ги очекува.

Решителноста во борбата против терористичката организација ФЕТО, претседателот Ердоган ја изнесе во говорот на ифтарската вечера на Управата за специјални полициски единици која беше цел на нападите ноќта на 15 јули.

Во говорот на ифтарската вечера за внатрешна безбедност претседателот Ердоган рече дека не ги заборавивме 56 специјалци кои што загинаа во нападите за време на обидот за воен удар.

Ова место е херојско место. Кукавиците на терористичката ФЕТО на ова херојско место фрлија хелиумска бомба со висок разурнувачки капацитет од 650 кг која не беше исфрлена дури ниту од страна на терористите на ПКК.

Борбата против тероризмот ќе продолжи се додека и последниот член на Фетулахистичката терористичка организација не го плати цехот за предавството и кукавичлукот.

Ние немаме друга татковина освен оваа земја. Некои кога ќе се приклештат можат да побегнат во Пенсилванија, Германија или други земји, рече претседателот Ердоган.

Тие таму можат да имаат тајна татковина. Можат да пребегнат во Грција, Родос или некои други места, ама ние немаме друга земја. Големината на нашата татковина изнесува 780 илјади квадратни километри. Затоа на 15 јули за да не паднеме во позиција на отпадници, ние водевме беспоштедна борба против тероризмот и префериравме да загинеме за нашата татковина.

Во врска со успешните операции во земјава, претседателот Ердоган рече дека воените операции во рамките на операцијата Еуфратски штит во Сирија и операциите во планинските венци Синџар и карачок во Ирак се првите чекори на новиот концепт на борбата против тероризмот.

Сите оние кои што ќе се обидат да ја провоцираат и да и се заканат на Турција, треба да бидат свесни и спремни дека ќе го платат цехот за тоа, подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести