Веста за санкциите на Заливските земји врз Катар предизвика жалење во Турција

Земјите членки на Советот за заливска соработка, меѓусебните проблеми треба да ги решат по пат на преговори, дијалог и комуникација

746536
Веста за санкциите на Заливските земји врз Катар предизвика жалење во Турција

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин рече дека веста за санкциите на Заливските земји врз Катар предизвика жалење во Турција.

Портпаролот Калин рече дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган започна дипломатски контакти во врска со Катар и ја изрази спремноста на Турција за исполнување на сите активности за изнаоѓање решение на кризата.

Во писменото соопштение Калин рече:

Во период кога продолжуваат активностите за постигнување мир и стабилност во регионот и се чувствува потреба сите регионални земји да фрлат чекори за постигнување на заедничките цели, земјите членки на Советот за заливска соработка со кои имаме стратешка соработка, меѓусебните проблеми треба да ги решат по пат на преговори, дијалог и комуникација.

Како што е познато Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Либија, Јемен и Малдивите соопштија дека ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар.



Слични вести