Што поскоро треба да се реши кризата меѓу Катар и Арапските земји

Турција ќе направи се што е во нејзина можност и ќе ги презеде сите активности за решавање на кризата

746457
Што поскоро треба да се реши кризата меѓу Катар и Арапските земји

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш рече дека што поскоро треба да се реши кризата меѓу Катар и Арапските земји и тоа без да зголеми.

Потпретседателот на владата Куртулмуш на прес конференцијата што ја одржа по состанокот на Владата направи проценка на актуелните случувања.

Во освртот на прекинувањето на дипломатските односи на 7 арапски земји со Катар, Куртулмуш рече:

По се изгледа дека е значајна криза. Не треба да се предизвикува поголема напнатост во регионот и на Блискиот Исток. Турција ќе направи се што е во нејзина можност и ќе ги презеде сите активности за решавање на кризата. Најзначајно во сето тоа е дипломатските односи да се држат отворени. Затоа во врска со прашањето со Катар вложуваме напори да се држат отворени дипломатските канали, рече Куртулмуш.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа билатерални средби со лидерите на арапските земји и се вклучи во процесот, рече потпретседателот Куртулмуш и потенцираше:

Претседателот Ердоган во својство на привремен претседавач со Организацијата за исламска соработка одржа телефонски разговори со низа претседатели и шефови на држави од кои некои беа исламски, а некои западни земји и на тој начин активно се вклучи во процесот за изнаоѓање решение на кризата.

Засега не е поволно да се даде поволен одговор на барањето на Германија за посета на нивните војници во воздушната база Инџирлик во Адана, рече Куртулмуш. Одлуката за повлекување на Германија од базата Инџирлик е еднострана одлука и Турција нема што да коментира во врска со тоа, рече Куртулмуш.



Слични вести