Апел за дијалог до сите страни заради донесување на компромисни одлуки

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган оствари неколку телефонски разговори по повод кризата во земјите од Персискиот залив

746479
Апел за дијалог до сите страни заради донесување на компромисни одлуки

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган оствари неколку телефонски разговори по повод кризата во земјите од Персискиот залив.

Претседателот Ердоган првин водеше телефонски разговор со шеикот на Катар, Шејх Ал Сани, потоа со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, па со емирот на Кувајт Шејх Ел Сабах и со саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз Ал Сууд.

Во разговорите претседателот Ердоган ја истакна потребата за мир и стабилност во регионот и додаде дека постоечкото недоразбирање може да се реши со дипломатски дијалог.

Ердоган додаде дека ќе продолжи со контактите со лидерите од регионот со цел надминување на дипломатската криза во земјите од Арапскиот полуостров.

Претседателот Ердоган нешто потоа водеше телефонски разговор со претседателот на Русија Владимир Путин.

По разговорот официјален Крамљ издаде соопштение во кое се вели следното:Лидерите упатија апел за дијалог до сите страни заради донесување на компромисни одлуки со цел зачувување на мирот и стабиноста. Освен тоа лидерите констатираа дека треба да продолжат напорите за воспоставување на зони за намалување на затегнатоста во Сирија.


 



Слични вести