Повик до приврзаниците на терористичката организација ФЕТО да се вратат во земјава

Лицата чии имиња се наоѓаат на списокот, доколку во рок од три месеци не се вратат во Турција и не се обратат до надлежните органи, со одлука на Владата ќе им се одземе државјанството.

745910
Повик до приврзаниците на терористичката организација ФЕТО да се вратат во земјава

Турција упати повик до 130 приврзаници на терористичката организација ФЕТО меѓу кои и челникот Фетулах Ѓулен да се вратат во земјава.

Списокот од 130 лица за кои се води кривична постапка, а кои се наоѓаат во странство и не може да им се врачи обвинителниот акт, беше објавен во Службениот весник на Турција.

Според тоа, лицата чии имиња се наоѓаат на списокот, доколку во рок од три месеци не се вратат во Турција и не се обратат до надлежните органи, со одлука на Владата ќе им се одземе државјанството.

По обидот за воен удар на 15 јули, некои приврзаници на терористичката организација ФЕТО кои што се наоѓаат во странство се обвинуваат за нарушување на единството и територијалниот интегритет на државата, прекршување на уставот, атентат и физички напад врз претседателот, кривично дело против законодавниот дом и власт, кривично дело против владата, вооружен бунт против Владата на република Турција, формирање вооружена група и обезбедување оружје на терористичка организација.

На списокот освен Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО се наоѓаат и пратениците на Демократската партија на народите (ХДП) Фајсал Саријилзид и Тугба Хезер како и поранешниот пратеник на ХДП Оздал Учер.



Слични вести