МНР на Турција: разликите во ставовите да се решат со дијалог

Турција како привремен претседавач со Организацијата на Исламската Конференција преку МНР објави писмено соопштение во врска со затегнатоста во Персискиот залив.

746274
МНР на Турција: разликите во ставовите да се решат  со дијалог

Турција како привремен претседавач со Организацијата на Исламската Конференција преку МНР објави писмено соопштение во врска со затегнатоста во Персискиот залив.

Во соопштението се истакнува следното:

„Денес во утринските часови дознавме дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,Бахраин и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар.Чувствуваме длабоко жалење поради оваа нивна одлука.Очигледно дека регионот поминува низ еден тежок период поради кризите со кои што се соочуваат земјите од овој регион.Во еден ваков период било кога од порано се чувствува потреба од меѓусебна солидарност.Во те рамки,Турција очекува од земјите членки на Советот за соработка во Персискиот залив да ги решат сита проблеми и разлики во ставовите заради зачувување на регионалниот мир,безбедност и стабилност.

Не треба да се заборави дека само со заеднички сили и сплотеност може да се надминат проблемите кои што денес се присутни во нашиот регион и тоа проблемите како што се борбата против тероризмот и другите кои што ја загрозуваат нашата безбедност. Турција како привремен претседавач со Организацијата на исламската  конференција,изразува спремност за пружање се од себе заради надминување на ова недоразбирање меѓу пријателски и братски држави.“ 

 



Слични вести