ТИКА испрати помош за туркменското население во Ирак

На околу 500 туркменски семејства кои од Мосул и од Телафер се преселија во Неџеф на југот на Ирак ТИКА им подели пакети со храна

744838
ТИКА испрати помош за туркменското население во Ирак

ТИКА испрати помош за туркменското население кое ги напушти своите домови бегајќи од масакрите и теророт на ДЕАШ.

На околу 500 туркменски семејства кои од Мосул и од Телафер се преселија во Неџеф на југот на Ирак ТИКА им подели пакети со храна.

Во акцијата учестуваше и амбасадорот на Република Турција во Багдад Фатих Јилдиз.Амбасадорот Јилдиз им подели пакетчиња полни со подароци на туркменските деца.

Стотици Туркменци беа приморани да ги напуштат своите домови во јуни 2014 година во Мосул и во Телафер пред надоаѓањето на терористичката организација ДЕАШ.

Туркменците се сместија на југот на Ирак во градовите Багдад, Неџеф, Кербела и Бабил.

 



Слични вести