Турција во жалост, 13 загинати во хеликоптерска несреќа

13 припадници на турските вооружени сили загинале во хеликоптерска несреќа во околината на Ширнак,Југоисточна Турција.

743492
Турција во жалост, 13 загинати во хеликоптерска несреќа

13 припадници на турските вооружени сили загинале во хеликоптерска несреќа во околината на Ширнак,Југоисточна Турција.

Во хеликоптерот се наоѓале 1 генерал мајор, 2 полковници, 1 потполковник, 1 мајор, 3 капетани, 1 надпоручник,2 наредници  и 2 водници.

Воениот хеликоптер од типот Кугуар полетал од аеродромот Шеноба кај Улудере и само 3 минути после полетувањето удрил на каблите со висок напон.

Меѓу загинатите се наоѓа и  командантот на 23-Гранична дивизија генерал-мајор Ајдоган Ајдин.

Во нереќата загина и првата жена командант на подрачна жандармерија полковник Сонѓул Јакут.
Командантот на 23-Гранична дивизија генерал-мајор Ајдоган Ајдин во изминатите 43 дена командуваше со воените операции на турските вооружени сили против терористичката организација ПКК во ова подрачје.

За загинатите припадници на турските вооружени сили во оваа хеликопетрска несреќа денес ќе се приреди погребна церемонија по што ковчезите ќе бидат испратени до нивните семејства.

Веднаш по веста за трагичната хеликоптерска несреќа кај Ширнак Генералштабот на Турските вооружени сили издаде соопштение во кое се истакнува дека истрагата за откривање на причините на несреќата е во тек.

Веста за трагичната несреќа предизвика вистинска тревога во главниот град Анкара.

Потпретседателот на владата Мехмет Шимшек, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за национална одбрана Фикри Ишик и началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар веднаш отпатуваа на местото на несреќата.

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган објави порака со сочувство по повод трагичното загинување на воениот персонал во хеликоптерската несреќа кај Ширнак. Претседателот Ердоган во пораката го исткна следното :„Турција и турскиот народ никогаш нема да го заборават јунаштвото на овие наши војници кои се истакнаа во борбата против тероризмот во последните неколку месеци“.

Премиерот Бинали Јилдирим исто така изјави дека со длабоко жалење ја примил веста за погибијата на припадниците на турските вооружени сили кај Ширнак.

Претседателот на Народната републиканска партија Кемал Киличдароглу исто така изрази сочувство по повод хеликоптерската несреќа кај Ширнак.

 

 

 



Слични вести