Ердоган ,Ние им одржавме лекција на земјите кои ништо не направија за бегалците

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган говореше на редовниот состанок на парламентарната група на Партијата на правдата и развојот

742412
Ердоган ,Ние им одржавме лекција на земјите кои ништо не направија за бегалците

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган, порача дека оние земји кои нема да сакаат да ги испорачаат припадниците на ФЕТО, не треба да очекуваат од Турција утре да испорача некој кој ним ќе им треба.

Ердоган говореше на редовниот состанок на парламентарната група на Партијата на правдата и развојот во Анкара, што е негово прво обраќање од ова место откако повторно стапи на чело на партијата.

Претседателот Ердоган во своето обраќање се осврна на борбата против терористичката организација ФЕТО и рече:

„Сакам да им порачам на земјите кои денес ги штитат припадниците на ФЕТО, 'што уште ви треба, еве ги и судските пресуди во врска со овие луѓе'. Веќе не е важно дали ќе го сторат или не она што треба. Јас одовде им порачувам. Ако не помогнете кога е во прашање нивното испорачување, знајте дека утре кога ќе барате некој кој е во наши раце, нема да може да го земете. Во тоа бидете сигурни. А ние ќе го направиме потребното кога се тие во прашање, ќе им го поништиме турското државјанство.“, порача Ердоган.

Претседателот Ердоган во говорот се осврна на борбата против тероризмот и рече: 

„Во последните 6 месеци се неутрализирани 336 терористи, а ние дадовме 43 шехиди во таа борба. Успеавме да влеземе во нивните скривалишта и да заплениме големи количества оружје и муниција,за што посебно сум им благодарен на припадниците на безбедносните сили.“

За бегалците кои во земјата пристигнаа од Сирија и од Ирак претседателот Ердоган рече: Од Сирија и од Ирак во нашата земја се засолнаа околу 3 милиони наши браќа.Ние им одржавме лекција на земјите кои ништо не направија за нив. Им покажавме што значи да се има милост и разбирање.Турција досега од сопствената каса потроши 5,6 милијарди долари за прифаќање и за згрижување на бегалците,подвлече Претседателот Ердоган.

 



Слични вести