Судири меѓу терористите и војниците во Агри

Во операцијата против ПКК загинаа тројца турски војници и еден селски чувар

739442
Судири меѓу терористите и војниците во Агри

Во судирите меѓу приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и безбедносните сили во планинскиот теснец Тендурек меѓу Агри и Ван загинаа тројца војници.

Вчера група терористи откако опожари некои возила кои ги стопираше на патот во планинскиот теснец Тендурек, безбедносните сили започнаа операција.

Во операцијата според првите претпоставки во судирот со терористите загинаа тројца турски војници и еден селски чувар, а 4 војници беа повредени.

Во операцијата беа елиминирани 9 терористи.

Во рамките на операцијата во Шемдинли кај Хакќар загина еден војник.

Во операцијата беше елиминиран 1 терорист.

Во операцијата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на Ширнак загина еден приврзаник на специјалните полициски единици.

Во операциите во руралното подрачје на месноста Бејтушебап кај Ширнак во околината на планината Като беа повредени 2 полицајци.

Повредените полицајци со хеликоптери беа префрлени во  државната болница во Ширнак.

Во судирите на безбедносните сили со терористите во операцијата против сепаратистичко-терористичката организацијаП КК во руралното подрачје на селото Чичекли кај Тунџели беа повредени 3 приврзаници на безбедносните сили.

Повредените војници беа префрлени на лекување во државната болница на Тунџели.

Од друга страна пак, во воздушната операција на Турските вооружени сили на подрачјето Метина на северот на Ирак беа елиминирани тројца терористи кои се подготвуваа за вооружена акција.

Во операцијата беше уништено складиште за муниција.



Слични вести