Продолжуваат операциите на Турските вооружени сили против терористите

Во операциите беа уништени 71 засолниште и пештери кои од страна на терористите се користеа за засолнувње

736541
Продолжуваат операциите на Турските вооружени сили против терористите

Во операциите на Турските вооружени сили во последните10 денови беа елиминирани 93 приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Непрекинато продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК со цел да се спречат подготовките на организацијата за пролетните и летни акции.

Во тие рамки беа остварени операции против терористичката организација ПКК особено на маршрутата Хакќари, Ширнак, Сиирт, Дијарбакир, Батман, Тунџели кои ги користи за засолнување и премин во внатрешноста на земјава.

Во операциите беа уништени 71 засолниште и пештери кои од страна на терористите се користеа за засолнувње, а исто така беа уништени и голем број експлозивни средства и муниција.

Безбедносните сили досега фатија 8 755 лица кои по илегални патишта се обидуваа да ја преминат границата.



Слични вести