Премиерот Бинали Јилдирим денес ќе отпатува во посета на Грузија

Во рамките на состанокот ќе се потпишат низа документи со кои се предвидува да зајакне билатералната соработка меѓу двете земји

736523
Премиерот Бинали Јилдирим денес ќе отпатува во посета на Грузија

Премиерот Бинали Јилдирим денес ќе отпатува во посета на Грузија каде што ќе учествува на вториот состанок на Високиот совет за стратешка соработка меѓу Турција и Грузија.

На состанокот ќе се разгледаат одлуките кои беа усвоени на првиот состанок на Високиот совет за стратешка соработка што се одржа на 19 јули 2016 во Анкара, можностите за нова соработка и регионалните прашања.

Во рамките на состанокот ќе се потпишат низа документи со кои се предвидува да зајакне билатералната соработка меѓу двете земји.

Премиерот Јилдирим во рамките на дводневната посета ќе се состане со грузискиот претседател Ѓорѓи Маргвелашвили и турските бизнисмени во оваа земја.



Слични вести