Ердоган повторно избран за претседател на АК партијата

Духовното присуство на претседателот Ердоган во текот на изминатиот период постојано се чувствуваше во АК партијата

736386
Ердоган повторно избран за претседател на АК партијата

По период од 998 дена претседателот Реџеп Тајип Ердоган повторно избран за претседател на Партијата за правда и развој (АКП) чиј основоположител беше.

Вчера во Анкара се одржа 3-от Голем вонреден конгрес на Ак партијата.

Претседателот Ердоган со потписите на сите 1370 делегати беше изнесен за единствен кандидат и повторно избран за претседател на партијата.

На конгресот беа извршени и промени на статутот и во тие рамки беше усвоен и предлогот за потпретседател на партијата со исти овластувања како и претседателот.

За потпретседател на партијата беше избран премиерот Бинали Јилдирим.

Премиерот Бинали Јилдирим во последниот говор на конгресот во својство на претседател на партијата рече дека духовното присуство на претседателот Ердоган во текот на изминатиот период постојано се чувствуваше во АК партијата.

Турција помина низа големи тешкотии и искушенија, рече Јилдирим и потенцираше дека АК партијата и Турција низ истите помина зајакнати и посилни.

Борбата против тероризмот ќе продолжи до крај и тероризмот ќе се извади од дневниот ред на земјата, рече премиерот Јилдирим.

Во освртот на ставот на САД кон терористичките групи, премиерот Јилдирим ја критикуваше Америка и подвлече дека терористичката организација ДЕАШ не може да се уништи со посредството на ЈПГ сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Претседателот Ердоган во говорот на конгресот на АК партијата рече дека борбата против терористичките организации како што се ФЕТО, ПКК и ДЕАШ се прашања за подобра иднина и опстанок на Турција.

Во освртот на вонредната состојба во земјава, претседателот Ердоган рече:

Вонредната состојба во Франција трае околу 1.5 година. Во мојата земја се вложуваат напори да се урне државата. Со кое право Вие (се однесува на западниот свет) можете да прашате да се укине вонредната состојба. Вонредната состојба нема да се укине се додека не се воспостави целосен мир и благосостојба во Турција, рече Ердоган.

Во освртот на процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ, претседателот Ердоган рече:

Не сме принудени да го трпиме дволичниот став на ЕУ која си поигрува со нашата гордост. Патувањата и посетите на некои други земји во светот во последно време ни покажаа дека пред Турција се наоѓа многу поголем свет, рече Ердоган.

До крајот на годинава планираме сериозни промени и обновување на партиската организација, а исто така претстојниот период ќе бие период на отскокнувања во борбата против тероризмот, економијата, стекнувањето со поголеми права и слободи, подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести